речник контакт

Петмина кандидати за претседател на велешкиот суд

Заврши конкурсот за избор на претседател на Основен суд Велес, се јави уште еден, покрај претходните четворица кандидати

Петар Печков

Судијка која води прекршочни предмети е новиот петти кандидат за претседател на Основен суд Велес. На конкурсот се јавија и претходните четири кандидати, еден кривичар, двајца од граѓанското одделение и еден кој суди стопански предмети.

Се очекува до крајот на месецов Републичкиот Судски Совет да има седница на која ќе се избира во четврти обид, новиот претседател. Дотогаш оваа функција како в.д ја извршува судијката Виолета Мојсова.

Од пред празникот одблокирана е сметката на Основен суд Велес, платени се сметките за телефон кој сега работи, по што се очекува дека ќе можат да продолжат бројните кривични предмети, кои поради неплатеното вештачење чекаа  подолг период.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »