речник контакт

Петмина ново заразени со ковид-19 од велешко, во Болница се 50 пациенти

Бројот на активни се симна на 382 пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа, во велешко оздравени се 10 пациенти а ново заразени со ковид-19 се пет лица,  соопштија од Министерството за здравство. Или  бројот на активни се  симна на 382  пациенти а досега биле заразени 5.444 лица.

„На кислородна поддршка се 24 пациенти. Испишани се девет пациенти како оздравени со по еден негативен тест “ – кажа д-р  Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка Болница хоспитализирани се  50  пациенти,  од кои 40 се потврдени позитивни, четворица  сомнителни  и шест  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се   26 пациенти, на Интерно шест  и во Модуларната болница 18.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »