речник контакт

Петмина ултрамаратонци по петти пат трчаат од Велес до Лопушник, за Рацин

Ултрамаратонците треба да истрчаат 160 км за четири дена

Петар Печков

Утрово петмината ултра маратонците  ја започнаа трката од Велес до Лопушник, местото на погибјето на Коста Солев Рацин. Утрово Зоран Димов, Трајче Михов, Верољуб Додевски заедно со кумановецот Љубиша Андреиќ и скопјанецот Томе Спасовски,  треба да истрчаат 160 км за четири дена или според планот по маршрутата по 40 км на ден.

Oвој настан се организира по петти пат. Вечерва учесниците треба да преноќат во Стровија, втората вечер е во Македонски Брод а третата во околината на Кичево, во Кнежино. Тие на Лопушник треба да стигнат сабота претпладне на 13 јуни, денот кога Рацин е застрелан. Овој ултра маратон  е една до содржините на градот Велес,  со кој се одбележува 83 од смртта на поетот и револуционер Рацин.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »