речник контакт

Петнаесет лица во Велес, сите здравствени работници примиле трета вакцина против ковид-19

Досега 20 лица од Велес се пријавиле дека се вакцинирани со две дози во Србија или Бугарија

Петар Печков

Изминатата седмица откако започна вакцинирањето со трета доза за заштита од ковид-19 во Велес вакцинирани се 15 лица.  Тие примиле вакцина  „Фајзер“ . Истовремено се вршеше и евиденција на граѓани кои се вакцинирале во странство, Србија, Бугарија.

„Се вакцинираа здравствени работници од Болница,  Здравствен дом и еден граѓанин над 60 години.  Истовремено се вршеше и пријавување на граѓани кои  се вакцинирани во странство. досева таа можност ја искористиле 20 лица вакцинирани со две дози“. - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакцинација со ковид-19 во велешко.  

Во пунктот во Уред дошле повеќе лица кои примиле две  дози вакцини против кoвид-19, но тие не ги исполнувале условите. Тоа биле лица над 60 годишна возраст, но не се минати шест месеци од втората доза.  Здравствените работници  кои примаат „бустер“ - трета вакцина, треба да покажат и потврда дека се вработени во одредена здравена установа.

Продолжува и вакцинирањето со прва доза, кое се врши  со „Фајзер“ и бројката се движи помеѓу 40 до 50 лица на ден.  Додека многу мал бил бројот на лица на возраст над 60 години кои се вакцинираат со прва доза или втора доза „АстраЗенека“. И околу 20 отсто помал бил бројот на лица кои не се вакцинирале со втора доза, иако примиле прва вакцина против ковид-19.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »