речник контакт

Петнаесет нови случаи на позитивни со ковид-19 во велешко

Во Болница се 69 пациенти

Петар Печков

Петнаесет ново заразени и осум оздравени од ковид-19 е здравствениот биланс за велешко,  за изминатите 24 часа. Податоците ги објави Министерството за здравство. Активни случаи  во велешко е 331 пациент.

Во трите ковид одделенија од велешка Болница се хоспитализирани 69,  од кои  51 се потврдени позитивни, седум  сомнителни  и 11 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се 33 пациенти. Испишани се пет пациенти како оздравени со по  еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница

На Инфективно одделение се   39 пациенти, на Интерно осум и во  Модуларна болница 22.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »