речник контакт

Петок гостување ,,Звукот на коските што се кршат,,

„Звукот на коските што се кршат“ ја раскажува приказната од еден дневник, за две деца, за две изгубени детства, за војна, за терор, за страв, за храброст, за издржливост, за чиста љубов.

Петар Печков

„Звукот на коските што се кршат“ ја раскажува приказната од еден дневник, за две деца, за две изгубени детства, за војна, за терор, за страв, за храброст, за издржливост, за чиста љубов. Иако оригинално сместена во централна Африка, борбата, страдањето и храброста на ликовите се безвременски и безпросторни.

Претставата опфаќа тема која не може лесно да се прераскаже, потребно е да се доживее. Ова не е приказна што завршува со гаснење на последното светло во театарот, не е текст кој завршува со последната страна. Ова е претстава која носи некој горчлив вкус кој останува, некоја празнотија под која се крие неописливо тежок товар, како солзите да не се доволни да исплакнат сѐ што е почувствувано.

Актерската екипа на „Звукот на коските што се кршат“ ја сочинуваат Наташа Петровиќ, Стефанија Зисовска и Бојан Кирковски. Костимограф е Ивана Кнез, музиката е дело на Оливер Јосифовски и Вера Милошевска од Љубојна, а за преводот на оригиналниот текст се заслужни Горјан Милошевски и Марија Зафирова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »