Петар Печков
Објавено: вторник, 11 февруари 2025
Петок 14 февруари за верскиот празник Св. Трифун, забава во Младински парк. Концерт кој локалната власт го организира за денот на закројувањето на виновата лоза.
Веќе е објавена програмата која ќе започне од 17 ч. и ќе трае до 23ч.а повеќето од гостите се локални уметници.
Започнува со настап на оркестарот на традиционални инструменти при Основното музичко училиште Стефан Гајдов од Велес, следен е Иван Милевски и Фантази бенд од 18ч. Од 19,45 е Тринити бенд, додека од 21,30ч е Чалгија саунд систем.
Во текот на настанот, насловен „Бериќетно лозје, за чаша добро вино“ ќе работат, ќе бидат отворени и куќарките поставени во Младински парк, кој за посетителите ќе нудат храна и вино.
Tweet |