речник контакт

Петок од Мало мовче ќе се фрла крстот на Водици

Каде и кога ќе се фрла крстот во Општина Чашка, Градско и Лозово

Петар Печков

В петок на 19 јануари,традиционално во Велес  Водици ќе се одбележи со фрлање на крстот до Мало мовче. Почетокот е најавен за 11ч, до кога литијата треба да стигне од црквата Св. Спас до мостот.

Утринската литургија за Богојавление започнува во 8 во црквата Св. Спас, - од каде потоа литијата ќе тргне кон Мало мовче. Чинот на фрлањето на крстот, Големиот Богојавленски водосвет  треба да се случи околу 11,30ч. На литургија ќе чиноначалствува Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарска Епархија.

Од Повардарската Епархија ги повикуваат сите заинтересирани православни христијани за традиционалното фаќање на Крстот, да се пријават во просториите на епархијата во Велес, секој работен ден од 8 до 16часот.


Во Општина Чашка светиот крст ќе се фрла во осум населени места.
1.Ореше 08.30 часот
2.Богомила 10.00 часот
3.Мартолци 10.00 часот
4.Согле 10.30 часот
5.Теово 11.00 часот
6.Извор 11.00 часот
7.Чашка 12.00 часот
8.Војница 13.30 часот
 
Во Општина Градско е  со почеток од 11:00 часот, фрлањето на животворниот Крст во водите на реката Вардар од мостот кај село Уланци.

Во Општина Лозово светиот крст ќе се фрла во следните термини и населени места:

Во село Каратманово, во Црковниот Базен на Црква Св. Покров на Пресвета Богородица почеток од 10:00ч.

Во село Милино, оваа година  ќе биде положен светиот крст во новиот базен на Црква Воскресение Христово, со почеток од 10:30ч.

Во село Дорфулија, во близина на Црква Св. Илија, со почеток од 11:30ч.

Во село Лозово, во Црковниот Базен на Црквата Св. Илија со почеток од 12:30ч.

Во село Сарамзалино во Црковниот Базен на Црквата Успение на Пресвета Богородица почеток од 13:00ч.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »