речник контакт

Петок премиера на претставата „Тоалет за дами“

Вечното прашање на мажите, што прават повеќе жени кога одат во тоалет и се задржуваат подолго време

Петар Печков

Петок вечер,  велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Констатнинов Џинот,,  премиерно ќе ја изведе претставата  „Тоалет за дами“ од венецуелскиот  драмски писател Родолфо Сантана, во режија на  Деан Дамјановски.  Текстот е за 12 лика, а дејствието се одвива во женски тоалет на дискотека, петок навечер.

Во претставата  ги гледаме односите на  10-те жени, еден травестит и еден маж, кои го користат тоалетот. Тука некаде е и одговорот на вечното прашање на мажите, што прават повеќе  жени кога одат во тоалет и се задржуваат подолго време.   Ова е многу, многу динамична претстава со многу заплети, кои се одвиваат со голема брзина, така што публиката ќе биде приморана да го  изостри вниманието. Внатре се мешаат повеќе чувства, од  комедија, преку лични, тајни односи и имаме многу комплексен систем. Жените го користат тоалетот како дневна соба или соба за психотерапија. Се бавам со односите меѓу луѓето, порака не праќам, уметноста не одговара на прашања, слично како филозофијата  - најави режисерот Дамјановски. 

Претставата тој ја смести на  големата сцена и публиката е исто така на неа,  близу до актерите, поради што има ограничен број на гледачи. 

Тие со оваа близина имаат чувства дека преку некој стаклен ѕид ги следат доживувањата на актерите.  Во име на тоа естетско решение, се надевам дека публиката ќе прости што само стотина гледачи ќе можат  следат една претстава. Успеавме да направиме производ кој што ќе биде  атрактивен и провокативен со долг живот, не само на оваа сцена  - додаде Дамјановски. 

Поради ограничениот број гледачи првите три  претстави се веќе распродадени. Драматург е Сашо Димоски,  сценографијата е на Филип Коруновски, костимограф е Катерина Чукниева  а музички соработник Сашко Костов. 

Создадовме претстава во која ние, актерите уживаме да играме,и без проблем тоа ќе се пренесе на публиката.  Постојат многу, многу карактери, во преставата имаме само десет.   Јас сум секретарка во Собрание, заедно со Весна Бобевска играме колешки, останати сите имаат свои специфики и  нема да откријам  кој лик што е, во интерес на заплетот - рече актерката Зорица Панчиќ. 

 

Освен неа  во  претставата  „Тоалет за дами“ настапуваат  Кица Ивковска, Васил Зафирчев,Ирена Илиевска, Кети Борисовска, Маја Љутков, Талија Настова, Марија Стефановска, Весна Димитровска Бобевски, Драгана Босниќ, Слободанка Чичевска и Александар Велјановски.   Костимографот Чукниева вели дека костимите се одлика на карактерите на ликовите, на возраста. Сценографот Коруновски додава дека било предизвик да се смести дејствието, карактерите, ликовите на еден простор, во еден современ тоалет. 

 Оваа претстава е работена  од сопсетвени средства на театарот и е од ланската продукција. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »