речник контакт

Петровска в.д претседател на Основен суд Велес

Лазаров замина в пензија

Петар Печков

Републичкиот судски совет на денешнана седница ја именува судијката Валентина Петровска за в.д претседател на Основниот суд во Велес.

Досегашниот претседател Јордан Лазаров поради заминување во пензија   му заврши мандатот и работениот век. Тој оваа функција ја извршуваше во два мандати, од 2001-ва до 2006-та и од 2010 до денес.

Според годишниот распоред за работа в.д претседателот Петровска  постапува по трговски, ликвидациони предмети и по приговор за  платни налози.

Таа ќе биде на ова место се до изборот на нов претседател, за што конкурсот е одамна завршен, има тројца кандидати, но бидејќи е предизборие, новиот прв човек на велешкиот суд а ќе биде избран во мај. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »