речник контакт

Петровски доби три години затвор за запалената продавница и мерцедес во Ореше

Петровски доби условна за насилство врз соселанец

Петар Печков

Основниот суд во Велес го прогласи за виновен Ѓоре Петровски, кој беше обвинет дека ги запалил селската продавница и автомобил сопственост на семејството Ѓурчиновски.  Петровски за кривичното дело ,,тешки дела против општата сигурност,, за кое  беше осуден доби три години затвор и останува во притвор се до правосилноста на пресудата.

 Според обвинението Петровски на 16 март  годинава, во вечерните часови, со автомобил na негов пријател заминалe за село Ореше, при што носел канистер  а  кога стигнале го земал со себе и по 25 минути се вратил без никаков товар, по што се упатиле кон Велес.    

Во прилог на обвинението имаше двајца сведоци, првиот возачот, кој изјави дека со Петровски биле вечерта до селото, Ѓоре носел канистер а потоа се вратил без него и се упатиле кон Велес.

Соседот на продавницата сведочеше  дека видел  човек како заминува од местото, откако претходно  слушнал некаков удар, а  лицето носело црно капче, исто тако какво што е пронајдено кај Петровски кога на враќање за Велес бил уапсен од полицијата.

Обвинителството понуди и видео материјал од камери во селото Богомила, кога во два наврати во 23,02 и 23,45 часот се гледа црвен автомобила како оди и се враќа од  правец на селата кои се повисоко од Богомила, каде е сместено и Ореше.

Петровски го негираше делото, тврдеше дека критичната вечер бил во село Мартолци, до доцна во ноќта каде бил на гости кај пријател. Неговиот бранител Коста Нојков, пак сметаше дека  нема ниту дело, ниту докази Петровски да биде осуден.

Делото ,,тешки дела против општата сигурност,, за кое се товари Петровски е непостоечко. Нема ниту едно лице повредено, ниту едно лице загрозено. Штетата од пожарот не е како што бара Законот над 250 просечни плати, туку далеку помалку од 13 илјади евра. Потоа околу  продавницата  нема ниту еден објект, така што огнот не претставувал опасност за големи размери.  Нема ниту материјален доказ за вината за ,,легендарниот,, Петровски. На неговата облека  нема трагови од оган, на шкорчето пронајдено од изгорената продавница  нема негови траги, нема ниту на неговите влакна траги од чад и оган, нема траги од  Ѓоре ниту на пронајдениот канистер. Нема ниту вештачење дали огнот е подметнат или можеби продавницата изгорела од неисправна инсталација - рече Нојков.

На Петровски му  се суди и за запалената амбуланта и друга селска продавница, сред село во Ореше,  за што беше прогласен за  виновен, доби четири години затвор,  а Апелација го врати на повторно судење овој предмет. Истовремено во велешкиот суд заврши друг предмет во кој Петровски беше обвинет за насилство.  

Тој заедно со Васко Ѓурчиновски на 13 февруари годинава околу 15 часот физички го нападнале и тепале оштетениот Гоце Пеовски. Ова го сториле пред неговата мајка и  10 годишна ќерка кои како сведоци ги посочија обвинетите дека се сторители.

Девојчето од глетката која ја видела се  онесвестила.  Дури и второ обвинетиот тврдеше дека Ѓоре бил тој што тепал. По ова судот им одреди  условна затворска казна, ако во следните три години сторат било какво кривично дело ќе лежат затвор една година.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »