речник контакт

Петрушев 36-ти на Светскиот куп во кајак на диви води во Краков

Овој викенд Петрушев учествува ан Светскиот куп на Тацен Словенија

Петар Печков

Изминатиот викенд во Краков- Полска се веслаше трка од Светскиот куп во слалом на диви води. Во дисциплината К-1 меѓу 60-те учесници беше и македонскиот репрезентативец, велешанецот Ангелче Петрушев. Тој го освои 36-тото место со 11 секунди заостаток зад најдобриот.

Петрушев ги мина квалификациите и веслаше во полуфиналето меѓу 40те- најдобри, во конгруенција на сениори иако има 18 години. 

Тој ги продолжува настапите, овој викенд ќе весла трка повторно од Светскиот куп, на патеката Тацен крај Љубљана во Словенија. 

Овие учества се подготовка на Петрушев за Светското првенство за јуниори и млади  до 23 години кое ќе се одржи во првиот викенд на јули на патеката Иври во Франција

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »