речник контакт

Петрушев го освои 20 место на Светското првенство во кајак слалом на диви води, до 23 годишна возраст

Резултатите на македонските репрезентативци

Петар Печков

Ангелче Петрушев го освои 20 место на Светското првенство во 23 год, за кајак на диви води слалом, во дисциплината К-1. Тој денс верслаше полуфианле и меѓу 40 учесници го зазеде 20 мето со 7,53 сек заостаток зад водечкито. Подоцна во текот на денот се возеше финале, каде влегоа 10 најдобри и светски првак е Французионот Деласус.  

Претходно во квалификациите  Петрушев уште по првата трка велзе во полуфинале со 18 место 83 учесника. Во оваа возрасна категорија до 23 години веслаа и  Стефан Рибарски кој беше 51 во првата односно 33 во втората трка а Марко Варналиев 82  и 48. Во втората трка веслаа 53 учесника. 

Кај јуниорите од македонските репрезентативци веслаа Кристијан Смилев кој беше 51 во првата и 45 во втората трка, Андреј Арсовски беше 58/28 а Илија Ѓорѓиев имаше пласман од 74 и 31 место. Во првата трка веслаа 80 натпреварувачи а во втората 47.

Се веслаше и екипно 3хК-1 до 23 години Македонија во состав Петрушев, Рибарски, Варналиев беше 20 од 28 селекции а кај јуниорите 17 од 19 а веслаа Смилев, Арсовски и Ѓорѓиев.

Неделата се веслаше кајак крос, каде  селекцијата на Македонија   имаште по тројца учесници и во јуниорите и до 23 години. Петмина од нив настапот го завршија во квалифакциите, додека Петрушев стигна до 1/4 финале, веслаше во група, меѓу 16 најдобри.

Светското првенство се одржуваше во  Братислава, Словачка на патеката Липковски Микулаш. Петрушев и другите македонски кајакари на средината од август ги очекува Европското првенство во кајак на диви води слалом, кое ќе се одржи во Краков  Полска.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »