речник контакт

Петрушев по втор пат го освои меѓународниот кајак слалом куп ИКАС

Во финалето во К-1 се пласираа и македонските репрезентативци, велешаните Стефан Рибарски и Борче Мирчевски

Петар Печков

Младиот велешанец, 18 годишниот Ангелче Петрушев по втор пат го освои меѓународниот куп во кајак на диви води  слалом ИКАС. Тој денес победи на патеката Матка, во финалето, оставајќи го зад себе ланскиот победник, косовскиот репрезентативец Ѓоши за 2,1 секунда.

Во финалето во К-1 се пласираа и македонските репрезентативци, велешаните  Стефан Рибарски кој беше петти и Борче Мирчевски кој го освои 9 место.

Ова е втора  победа за Петрушев на ИКАС,  по таа во 2021 година.  Во оваа дисциплина се натпреваруваа 50 учесници од  шест држави.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »