речник контакт

Петстотини учесници дел од најмасовното искачување на врвот Клепа, во чест на младите загинати планинари Калина и Александар (фото)

Во шумата на Александар и Калина биле засадени илјада садници багрем и аризонски чемпрес

Петар Печков

Околу 500 учесници  беа дел од  петтото традиционално зимско искачување на врвот Клепа -1.150 м.н.в.  што според организаторот го прави најмасовен настан од овој вид во земјава.  Освен од Македонија годинава имало учесници и од Србија и Бугарија. 

Искачувањето е во чест на прерано загинатите планинари Александар и Калина кои на 10-ти февруари 2018-та  трагично го загубија животот на грчката страна на  Кајмакчалан а само една седмица претходно биле дел од првото искачување на врвот Клепа. Тој  е највисок врв на средно-високата планина во средишниот дел на Македонија, на десниот брег на реката Вардар, јужно од градот Велес во средното Повардарие.

Должината на патеката која учесниците денес ја изодеа  е 18 км. се тргна утринава од село Сирково до врвот Клепа а потоа назад до манастирот Св. Архангел Михаил во Долно Чичево, каде сите учесници беа послужени со ручек подготвен од АРМ.  

Претходните денови  во шумата на Александар и Калина биле засадени  илјада садници багрем и аризонски чемпрес, дел од нив донација од ЈП Македонски шуми. Бидејќи поголем дел од садниците кои минатите години биле засадени, се оштетени од говедата кои таму пасат, годинава шумата е заштитена со заштитна ограда.

Организатори на настанот се   СПЕД „Клепа Росоман “ – Росоман заедно со ЕГ Грин Пауер, КПС АЗОТ и финансиски помогнат од општините Росоман и Градско.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »