речник контакт

Петта титула за една година на Минхенски Баерн и 125 милиони заработувачка

За фудбалскиот клуб Бајерн Минхен 2013 година е рекордна во секој смисол. Баварците синоќа ја освоија и петтата титула Светски клупски првак, со што вкупните годишни приходи на тимот се искачија на 125 милиони евра

Петар Печков

За фудбалскиот клуб Бајерн Минхен 2013 година е рекордна во секој смисол. Баварците синоќа ја освоија и петтата титула Светски клупски првак, со што вкупните годишни приходи на тимот се искачија на 125 милиони евра.

Фудбалерите на Баерн Минхен се нови светски шампиони, откако синоќа во финалето на Светското клупско првенство во Маракеш, Мароко, го победија домаќинот Ража Казабланка со 2:0.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Данте во 7. минута му донесе водство на фаворитот, а Тијаго Алкантара во 22. минута го постави конечниот резултат.
Со овој триумф „Баварците“ ја комплетираа колекцијата трофеи освоени во, за нив, одличната 2013 година. Тие годинава победија во домашното првенство и куп, во елитната Лига на шампиони, Супер купот на Европа  и на Светското клупско првенство.

Баерн Минхен е првиот германски тим кој успева да ја освои титулата светски клупски шампион. Оваа рекордна година со титула за Баварците е крунисана и со рекордна заработувачка. Со паричната награда од 3,65 милиони евра за освојувањето на Светското клупско првенство вкупните приходи од парични награди и од продажба на клупските артикли се искачи на 125 милиони евра.

Најголем дел од заработувачката доаѓа од освојувањето на Лигата на шампионите во сезоната 2012/2013, за што Бајерн доби 55,05 милиони евра од премии од УЕФА. На тоа се надоврзуваат уште 28,76 милиони евра за влезот во осминафиналето во актуелната сезона во Лигата на шампионите.

Шампионската титула во Бундеслигата донесе дополнителни 25,8 милиони евра од телевизиските права
Освојувањето на германскиот куп во сезоната 2012/2013 донесе условно кажано скромна заработувачка оа 6,74 милиони евра, доддека пласманот во четвртфиналето во актуелната сезона на германскиот куп „само“ 1 милион евра. Европскиот Суперкуп на Бајерн Минхен му донесе премија од 3 милиони евра , а и покрај поразот во германскиот Суперкуп од Борусија Дортмунд, Баерн заработи утешна награда од 750 илјади евра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »