речник контакт

Петти ден протести на ,,Протестирам,, (фото)

Барањата остануваат исти, протестите продолжуваат и наредните денови

Петар Печков

Во истиот термин и истата маршрута, протестантите кои ја поддржуваат платформата на ,,Протестирам,, беа по дел од  улиците не Велес.

Почетно, вообичаено од пред кружен тек Авона, по Борис Трајковски, пред Општина па до  споменикот на Илинденците.   Со извици, плакати, свирежи го искажаа нивниот револт од власта и вледеењето на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Иванов.

Барањата остануваат  исти, оставка на Иванов за  срамната одлука за аболиција, спроведување на целосно фер и демокртски избори, слобода на специјалното Јавно обвинителство, вклучување на граѓанскито сектор во решавање на кризата и суспендирање на одлуката за распишани зибори ан 5-ти јуни - рече Дејан Ристов   учесник во протестите.

На  прашањето зошто не заминаа или планираат ли заминување во Скопје, објасни дека , тие се граѓани на Велес  и ,,тука се потребни да го искажат својот став пред сограѓаните,,. најави дека и во наредните денови ќе бидат по улците на Велес.  

Поддржувачите на ГДОМ, денес ги немаше во центарот на Велес, тие еба заминати во Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »