речник контакт

Петтиот ден од Новата 2024 година се роди првото бебе во велешка болница (фото)

Лани, 2023 година на акушерското одделение во велешка болница се родиле 300 бебиња, 83 помалку од 2022 година

Петар Печков

На петтиот ден од Новата 2024 година во велешка болница се роди првото бебе. Тоа е рожба на Ивана и Љупчо  Јакимовски од селото Пеширово Свети Николе.

Новороденчето е  машко, тешко  3.280 грама, долго 52 цм. а се роди на пладне во 12,30ч. на акушерското одделение а породувањето ги извршиле д-р Аристотел Тренчев и д-р Силвија Богоевска.  Ова е трето дете во семејството Јакимовски, првите две се исто така машки Ивица и Дарио. а мајката Ивана е на возраст од 29 години.

Градоначалникот на Општина Велес Марко Коелв  на бебето му подари чек од 15 илјади денари. Не се помни кога последен пат се чекало толку денови за  во велешка болница да се роди првото бебе.Во 2021 година се роди на третиот ден и во домашни услови.

Според неофицијални информации две бебиња, на родители од Велес, се родиле првиот ден во 2024 година, но  на приватни клиники во Скопје.

Лани, 2023 година  на акушерското одделение во велешка болница  се родиле 300 бебиња, од нив 156 машки и 144 женски. Тоа е помалку за 83 бебиња отколку во 2022 година. Една третина од бројот на новороденчиња во велешко се со место на раѓање Скопје, во тамошните болници. Затоа пак во велешка болница се породуваат жени од Свети Николе, Лозово, Неготино.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »