речник контакт

Пешак се здобил со тешки повреди откако бил удрен од автомобил кај „Врановски анови“

Пациентката се здобила со повреди на главата и скршеница на колк,информираа од велешка Болница

Петар Печков

МВР информираше за сообраќајка која се случила во неделата наутро а во која пешакот се здобил со тешки повреди.

На 23-ти мај  околу 08,13 часот на регионалниот пат Р-1312, Велес- Извор во близина на место викано „Врановски анови“, патничко моторно возило „алфа ромео“ со бугарска национална ознака, управувано од Л.Т.(57) од Свети Николе удрило во Р.Н.(72) од село Долно Врановци - соопштија од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
По незгодата повредената  била пренесена во Општата Болница Велес каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

„Вчера околу 8 и 30 часот од страна на Брза Помош на одделот за хирургија донесена е пациентка на 72 годишна возраст повредена во сообраќајна несреќа. Пациентката се здобила со повреди на главата и скршеница на колк, задржана на одделение за доиследување и лекување“ -информира д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »