речник контакт

Пешачки и легнати полицајци кај железничкиот премин Стар мост

Реагираат жителите од овој дел на градот, локалната власт најавува решавање со останатите црни сообраќајни точки во градот

Петар Печков

Жителите на Велес кои  живеат  во близина на железничката рампа  на Стар мост или минуваат тука,  бараат поставување на оваа улица на легнати полицајци но и пешачки премин   кон  скалите кои водат кон овој дел на градот. Тие стравуваат за безбедноста на децата ученици кои тука секојдневно проаѓаат.
 
Оваа улица е мошне фреквентна, има многу сообраќај а се вози и брзо. Потребно е да се постават легнати полицајци. Постојниот пешачки премин  не е функционален оти за жителите кои ги користат скалите и улицата кон Св. Кирил нема фајде, кај рибарскиот дуќан. Потребно е да се постави уште еден обележан премин, подолу од постојниот за да можеме безбедно да минуваме – велат жителите од овој дел на градот.

Тие секојдневно минуваат оттука, децата на училиште, возрасните да пазарат. Затоа  и бараат решавање на овој за нив важен проблем. Од локалната власт најавуваат дека поставувањето на легнатите полицајци ќе биде една целосна комплексна работа, и тие ќе се постават таму каде што ќе има потреба. Што се однесува до пешачкиот овој предлог на жителите од овој дел на Велес ќе биде земен во предвид при пролетното хоризонтално  обележување на улиците. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »