речник контакт

Пинг понг турнир во Велес

Бројно учество поради добриот награден фонд 12 илјади за мажи 6 илјади денари за жени.

Петар Печков

Државните прваци во машка и женска конкуренција  Кристијан Стојановски од Крива Паланка  и Марија Јованова од Кавадарци , се победници на првиот пинг понг турнир  одржан во Велес, во последните 15-тина години.

На турнирот учество земаа стотина натпреварувачи од неколку градови од земјава. Причина за интересот беше добриот награден фонд, наменет за победниците.  

Амелија Уце и Кристијан Стојановски  победија во двојки а зад себе ги оставија машките парови:  Александар Кралев и Филип Младеновски  а трети беа Христијан Јорданов и Гоце Димовски. 

Втор во машка конкуренција беше   Христијан Јованов а трет Филип Младеновски. Во женска конкуренција   втора беше Добринка Сотирова, а трета Ана Стојановска. Организатор на турнирот Велес опен беше ЈП Парк спорт и се играше во салата Гемиџии. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »