речник контакт

Пингвини на минус 45 ги грее „мексикански бран“

Научниците знаeja дека пингвините во текот на студените зими на Антарктикот со часови стојат збиени еден покрај друг за да ја одржат топлината, но дури неодамна откриле дека за нивното затоплување е заслужен „мексиканскиот бран“, својствен на навивачите на стадионите.

Петар Печков

Истражувачите од Универзитетот во Нирнберг разоткрија вистинска мистерија, на кој начин пингвините на ивиците на толпите успевале да се загреат исто како тие во средината каде температурата достигнува и до 25 степени Целзиусови.

Мистеријата била решена со снимка со помош на тајм лапс камера на која се гледа дека пингвините се поместуваат во речиси незабележливи бранови, како навивачи на натпревари, што со време доведува до целосна промена на позициите на групата.

Снимката била направена во текот на зимата на Земјата на кралицата Мод, копнен дел на Антарктикот, каде температурата во текот на зимата паѓа на минус 45 степени Целзиусови, а ветровите дуваат со брзина од 180 километри на час.

Во текот на тој период, царските пингвини имаат обичај да стојат збиени во толпа, понекогаш илјадници од нив, за да ја одржат топлината, но и да седат на јајцата додека женките се на пат кон морето.

Научниците до сега мислеле дека оваа толпа е толку густо збиена што секое поместување било невозможно и дека несреќниците кои ќе се најдат на ивиците се принудени да останат таму.

Пингвините мора да се збијат во толпа, инаку ја губат енергијата, објаснува водачот на истражувањето Даниел Цитебарт, физичар од Универзитетот Ерланген во Нирнберг.

Ако не се толку збиени едни покрај други, пингвините би се змрзнале. Од друга страна, ако толпата е премногу збиена, било какво поместување би било невозможно, додаде тој.

Камерите кои снимале една колонија на пингвини секои 1,3 секунди во тек на подолг период, откриле дека групата не е статична маса.

Колонијата мирува подолго време, но секои 30 до 60 секунди еден од неколку пингвини малку се поместува, а тоа како бран се пренесува низ целата група, рече Цитебарт.

Ова координирано поместување е толку незабележливо, што е невидливо ако се набљудува во реално време.

Со време, овој „мексикански бран“ доведува до промена на распоредот на колонијата. Секои неколку часа, пингвините ја менуваат положбата во толпата, поместувајќи се од средината кон нанадвор и обратно, така сите имаат можност подобро да се стоплат.

текстот е превземен  Би-Би-Си - Лондон

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »