речник контакт

Пингпонгарите на Борец влегоа во Прва лига

Велешките пингпонгари во баражот го победија Дебар маало од Скопје со 4:2

Петар Печков

Со победа во бараж натпреварот, екипата на велешки  Борец-Тим се пласираа во Првата лига. Натпреварот кој решаваше за настап во Првата лига помеѓу досегашниот прволигаш Дебар Маало од Скопје и Борец-Тим од Велес се одигра во неделата (24.06.2018) во СЦ Борис Трајковски (Скопје).

Велешани  победија  со резултат 4:2. Од идната натпреварувачка сезона ППК Борец-Тим освен во првата лига ќе има и натпреварувачка екипа во Втора лига под името ППК Борец-Тим 2. Членовите на клубот се: Вили Ангелов, Ангел Симовски, Ване Трајковски, Горан Андовски и Ристе Чејков.

На бараж натпреварот победата ја донесоа: Вили Ангелов, Ангел Симовски и Ване Трајковски. Така после само една година натпревари во Втората пингпонгарска лига, пингпонгарскиот клуб Борец-Тим успеа да се врати во Прва лига

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »