Петар Печков
Објавено: четврток, 21 мај 2026
Пингпонгарите на ППК Борец ТИМ се победници на Првата пингпонгарска лига, со што добија можност да играат во најквалитетното македонски пингпонгарско друштво, во Супер лигата. Тие во последните две кола, 17-тото и 18-тото кои се играа во СЦ Борис Трајковски во Скопје, победија со максимални 4:0 против четвртопласираниот ППК Рисови и против последнопласираниот ППК Берово 2, кој нема ниту бод. Но за да биде прв во прилог му одеше и еден изгубен сет на лидерот ППК Младост до Прилеп, кој победи со 4:1 над претпоследниот ППК Телеком Нец. Во вториот натпревар славеа со максимални 4:0 над шесто пласираниот ППК Пелистер.
Според пропозициите за првак кога и двете екипи имаат ист број бодови решава меѓусебниот скор. Во двата меѓусебни натпревари ППК Борец есеноска победи со 4:0 а ППК Младост пролетва со 4:2. Ова беше првиот услов кој овозможи велешани да бидат прваци.
Бидејќи и двете екипи имаа ист број бодови по 33. Така за првото место и 15 победи, решаваше и бројот на освоени сетови. Велешани имаат 66 а ППК Младост 64, со иста сет разлика +41. Во овој случај според пропозициите решаваше поголемиот број освоени сетови велешани 66 а противникот од Прилеп 64.
Есенската полуетапа ППК Борец ТИМ ја доби без пораз а пролетва имаше три, од конкурентот ППК Младост, ППК Берово 1 и ППК Пелистер.
Екипата на ППК Борец тим настапуваше во состав: Вили Ангелов, Васко Манасијески, Христијан Јованов, Филип Терзиовски, Ване Трајковски, Лука Стојанов, Матеј Стојанов, Марко Китановски.
ППК Борец на почетокот од 90-тите години беше член на тогашната најквалитетна Супер лига, и десетина години беше во друштво со најдобрите. Најдобар пласман беа 4-тото место 1996-та година. Составот беше Љупчо Попов, Димитар Карајанов, Зоран Јанков.
| Tweet |




