речник контакт

Пингпонгарите на ППК Борец со победа стартуваа во Првата лига

Победа ракометарите на РК Бисинов и пораз за МРК Борец во Првата лига, во Втората кошаркарска лига пораз за КК Борец баскет дома

Петар Печков

Пингпонгарите на ППК Борец ТИМ победија  во првото коло од новата сезона во Првата пингпонгарска лига на Македонија. Тие оствари значајна победа против екипата на ППК "Студент" - Скопје со резултат 4:3. Во екипата на ППК "Борец-Тим" Вили Ангелов  имаше  победи и Ване Трајковски една,  со чија победа мечот отиде во разрешница, каде што одлучуваше играта во парови. Парот Ангелов - Трајковски успеа да победи со резултат 3:1 и да ги донесe првите два бода за ППК "Борец-Тим" за оваа сезона.  Оваа сезона екипата на ППК "Борец-Тим" - Велес е со изменет состав. Во следните два натпревари (следниот викенд), ППК "Борец-Тим" ќе се сретне со екипата на ППК "Кочани" и ППК "Радовиш". На тие натпревари ППК "Борец-Тим" ќе биде засилен со Филип Терзиовски додека второто засилување Марјан Павиќ ќе настапува од 28.10.2023.

Во Втората кошаркарска лига, дома, во салата Гемиџии КК Борец баскет загуби од МКК Куманово.   Екипата на која  ја води   Марин Докузовски како шеф на стручниот штаб, но и неколку искусни прволигашки играчи, победи на ни малку лесното гостување во Велес со 58:67. Во третото коло велешани гостуваат на екипата на КК Ангели во Скопје.

Победа и пораз за велешките ракометари во Првата лига. РК Бисинов победи дома со  37:27 (21:12) над екипата на РК Металург и заедно со РК Радовиш го дели првото место со четири победи од   четири одиграни кола.  Токму следниот викенд овие две екипи играат во Радовиш, дерби на есенската полуетапа.  МРК Борец дома загуби од екипата на РК Преспа со 14:30 (9:14). И двете екипи до овој натпревар немаа освоено ниту бод. Така велешани остануваат последни  по пет одиграни кола. Во следното играат повторно дома со РК Шампион кој има три победи .

фото Радица Дукова

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »