речник контакт

Пиратите се посурови, изнудиле над 100 милиони долари

Пиратите и понатаму господарат со Аденскиот залив, иако во лов на нив се ангажираа водечки земји на НАТО, вклучувајќи ја и морнарицата на САД. Пиратството сега се претвори во голем бизнис во кој се вртат милиони долари, од кои живеат, не само крадците, туку и десетици илјади граѓани во Сомалија.

Петар Печков

Пиратите до сега добија откупнина за луѓе и бродови во вкупен износ од 100 милиони долари. Таа сума, секако не е конечна бидејќи според најновите податоци, тие сега во заробеништво држат околу 50 бродови и над 800 заложници за кои бараат огромна откупнина.

Пиратите на 21 век не покажуваат подготвеност да се повлечат пред заканите на меѓународната заедница, Под уште неразјаснети околности кон крајот на февруари тие во Арапското море убија четворица американски државјани иако претходно избегнуваа крвопролевање. Според последните извештаи, пиратите во последно време се однесуваат се посурово кон заложниците, посебо ако не ја добијат бараната откупнина на време.

Ова однесување на пиратите, како што се најавува, ќе предизвика одмазда од страна на меѓународната заедница. Во САД веќе размислуваат немилосрдно да се пресметаат, не само со пиратите кои оперираат на море, туку и со нивните шефови кои ги повлекуваат конците на тлото на Сомалија. Не се исклучува и блокирање на пристаништата кои ги користат.

Одлучноста на Вашингтон се потврди и со одлуката на надлежниот суд во САД со која четворица пирати од Сомалија ги осуди на доживотен затвор. Тие се уапсени лани во Аденскиот залив, кога се обидоа да го киднапираат американски воен брод „Николас“.

Во Аденскиот залив последните години патролираат бродови на 15 земји, главно членки на НАТО, но тие сеуште не успеаја целосно да ги спречат. Всушност, проблемот е во тоа што тие сега киднапираат бродови и во многу поширок регион, понекогаш и 1.000 километри подалеку од сомалискиот брег.

Пиратите, очигледно уживаат голема поддршка на многу граѓани во Сомалија, една од најсиромашните земји во светот. Тие на копно функционираат како добро организирана компанија, од која живеат десетици илјади луѓе: механичари, бродоградежници, експерти за телекомуникации, преведувачи, угостители и производители на храна и алкохол. Тоа е проблем кој уште повеќе ја отежнува борбата против пиратите.

Инаку, Сомалија е земја која веќе со години е распадната, во неа не се знае кој владее. Преодната влада е поделена и корумпирана. Исламистички бунтовници, вклучувајќи и припадници на Ал Каеда, држат под контрола многу делови на таа земја.

„Битката против пиратите може да се добие, но не само на море, туку истовремено и на тлото на Сомалија, каде тие имаат свои засолништа“, велат во Меѓународниот поморски завод чие седиште е во Лондон.

Текстот е преземен од Њујорк тајмс

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »