речник контакт

Пиратски програми, пиратски ЦД и ДВД

извршени се контроли во 14 фирми и продажно место на градски пазар, кои се занимаваат со продажба на компјутери и компјутерска опрема, каде поради користење на нелиценциран софтвер, одземени се шест компјутери, 81 ДВД и 90 ЦД пиратски дискови.

Петар Печков

Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост  спроведе акциска контрола во врска со претпријатија, трговци поединци и физички лица кои се занимаваат со продажба на компјутери, компјутерска опрема како и софтверски програми, производство, дистрибуција и изнајмување фонограмски и видео изданија, видео и компјутерски игри, како и корисници на софтверски програми за кои е потребна лиценца издадена од овластени застапници.

При извршената  контрола во 14 правни лица, односно четири фирми кои се занимаваат со продажба на компјутери и комјутерска опрема, едно интернет кафе, три фирми чија основна дејност е продажба на компјутерски дискови, два кабелски оператора, три проектантски бироа како и градскиот пазар во Велес.

При контролата одземени се шест компјутери поради користење нелиценциран софтвер и поголем број пиратски компакт-дискови. Од страна на останатите инспекциски служби констатирани се повеќе прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Велес до надлежното обвинителство против одговорните лица во правните лица ќе поднесе кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела  „Повреда на авторско право и сродни права“ и „Неовластена употреба на туѓ пронајдок“ .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »