речник контакт

Питачење во Велес има, ама нека казни ниту реакции против сторителите

На повеќе локации во градот питачење има, и тоа организирано цели семејства

Петар Печков

Две години во градот нема изречено казни за питачење, иако сите сме сведоци дека на повеќе локации во градот тоа го има. И тоа организирано цели семејства а полицаја нема. За ова на последната седница на Советот реагираше советникот  Игор Смилев, дека две години нема регистрирано прекршоци, иако во градот сите сме сведоци дека постои питачење.

„Праќавме патроли да ги бркаме. Не можеме како униформирано лице да приведеме деца без присуство на социјален работник и адвокат за малолетник  Тоа ни ја отежнува работата. Сега работиме  преку инспекторката за малолетничка деликвенција, да утврдиме чии се тие деца што питачат таму, за да можеме  да постапуваме. Дали родителите се од Велес или доаѓаат од страна, оти децата не можеме да ги казнуваме треба родителите. Мислам дека работите ќе ги доведеме во ред“ - кажа Александар Колев командир на ПС Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »