речник контакт

Питијада во Велес по седми пат, прв ден

Питијадата го раздвижи заспаниот град. Илјадници луѓе излегоа од дома во центарот на Велес на забава

Петар Печков

По седми пат питијадата го оживеа Велес.  Убавото време, новата поставеност на манифестацијата, на отворено, привлече илјадници велешани на главната градска улица Маршал Тито. Градот беше со мноштво народ, кои дојдоа на прошетка и да ја вкусат велешката пастрмалија и младото вино. Четиринаесет ресторани, пет пекарници и осум винарии ги понудија нивните производи на штандови каде за популарни цени се купуваше питата и виното.

 

Велес овие два дена ќе живее во виното и питите, да им покажеме на гостите од земјава и странство дека имаме гастрономски специјалитети за кој вреди да се дојде во нашиот град.    Питијадата има хуманитарен карактер, општина Велес заедно со Црвениот крст, каде на два штанда се собираат пари за старите и изнемоштени лица а средства ќе донираат и учесниците угостителите  - изјави градоначалникот Горан Петров. На платото пред Основниот суд во Велес, со учество на велешки музичари, групата Виртус, Миле Павароти, КУД Керамичар,  Распеани Велешани ги забавуваа присутните.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »