речник контакт

Питијада втор ден

Седмата питијада се покажа како успешна. Дружење, забава, вкусни специјалитети, многу гости. Лицитацијата за продадени пити дојде до неверојатните и смешни 40 илјади парчиња

Петар Печков

Годинашнава питијада го раздвижи градот и барем за два дена го врати старото корзо на старото место, во центарот на Велес. Убавото време, понудата од традиционалниот специјалитет пита пастрмалија залеана со црно вино, можноста да се видите со познати или пријатели и ете како седмата по ред пастрмалијада за два дена велешани ги изнесе од домовите.

Згора на тоа убава музика од проверени  изведувачи, група Соната, велешката чалгија, КУД Коле Неделковски, сетоа тоа се покажа како успешен потег за манифестацијата да се одржи на нов простор и нов концепт. Наскоро ќе се знае и колку средства се собрани и наменети за хуманитарна цел, за старите и изнемоштени лица, која организаторот Општина Велес ја спроведе заедно со Црвен крст.

Дилемата колку пастрмалии се изедоа и колку вино се испи тешко е да се одговори и лесно е да се шпекулира со десетици илјади прачиња кои се далеку од реалноста, но математиката покажува далеку поскромен и реален број. Ако Жито Вардар како најголем производител за два дена продаде околу 3,5 илјади, тогаш  сите заедно со останатите 13 ресторани, 5 пекарници можат да се пофалат за бројка до 10 илјади парчиња.

Смешна е бројката што се раскажува за 40 илјади продадени пити пастрмалии. Математиката за да се стигне до оваа бројка вели дека за тие 16 часа, два дена по осум работни  часа 11 -19, додека траеше питијадата поделено со бројот на учесници математички дава дека на секоја минута од пекарите излегувале две пити???!! А имаат ли таков капаците нашите ресторани?? Ако ништо друго останува какво прво априлска шега на 20 ноември дека  во Велес се изеле 40 илјади пити пастрмалии.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »