речник контакт

Питијадата во Велес заврши, изедени 41 илјада пастрмалии (фото)

Според какво беше времето и добро минавме,сопственик на кафеана. Што рекоа популарните Хрвати од Парни Ваљак за пастрамлијата. Богата фото галерија од трите дена на манифестацијата

Петар Печков

Питијадата во Велес заврши, рестораните ги собраа штандовите, по малку лути на времето кое годинава не им беше наклонето. Организаторот соопшти дека за три дена во Велес  на штандовите и по локалите  изедени се 41,3 илјади  пастрамлии и испиени 9,7 илјади литри вино.

Овие податоци се далеку од ланските, кои по се беа рекордни. Тогаш се изедоа 55 илјади пастрмалии и  испија 17 тони вино.  37 штандови на исто толку ресторани  ја нудеа традиционалната велешка пастрмалија, по цена од 130 денари парче и 40 денари за чаша вино.    

Времето беше против нас годинава, дождот ја расипа атмосферата и очекувањата.  Според какво беше времето и добро минавме - вели велешки сопственик на кафеана.

Ако немаше рекордна посета, затоа остана забележано дека во Велес за еден ден два пати беше подготвена џиновска пита пастрмалија, долга по 3,5 метри.  

И покрај лошите временски услови, Велес имаше голем број гости, најмногу од Скопје, но имаше и од Штип, Прилеп, Кочани, Кавадарци и други градови,  кои дојдоа и на музика да ги видат Калиопи, Парни Ваљак но и да го вкусат  на велешкиот специјалитет.

Популарните загрепчани ги вкусија велешките пастрамлии. Но не знаејќи што порачуваат, тие поскале повеќе пити а кога ја видел нивната големина се зачудиле, но не им пречело да ги изедат.

 Момците од составот, не знаеја што е питата. Им објаснив дека тоа е тесто со солено овчо место, бидејќи и јас како мал ги имам јадено,  па порачаа повеќе пастрмалии со пастрма и без неа. Кога почна а да ги носат и кога видоа колку се големи, се изненадија. Но не им пречеше, се се изеде. И што е најважно им се допаднаа, немаа забелешки. За сите од групата ова беше прв пат да вкусат ваков специјалитет - рече фронтменот на составот Аки Раџимовски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »