речник контакт

Питијадата се враќа кај Панини, за сечиј вкус и музички желби

Објавена е програмата по денови. Во тек биле преговори за придружни програми, за дневната програма

Петар Печков

Велешката питијада повторно се организира по три години пауза. Велешани како и гостите во градот, три дена на 7, 8 и 9 октомври треба да уживаат во вкусот на пастрмалијата и добрата музика. На денешниот прес на градоначалникот Марко Колев и претседателот на Советот Зоран Љутков беше објавена програма  по денови.  

Петок, 7 октомври:
Миле Кузмановски
The hounds
ДНК
НОКАУТ

Сабота, 8 октомври:
Дајте Музика
Наум Петрески и Зуица Лазова
Фолтин
Каролина Гочева

Недела, 9 октомври:
5+бенд
Сузана Спасовска + Академци
ЉУБОЈНА + Brass Fantasy
Лозано

 „Многу е тешко по три годни да се врати сјајот на манифестацијата. И да ја работиме без ѕвезди од пошироките простори. По пандемијата со корона вирусот, одлучивме програмата да биде од македонски изведувачи и  да им помогнеме да се извлечат  од кризата. Затоа сите изведувачи се од македонската поп, рок и фолк сцена. Годинава носиме и забава за најмладите два детски концерти на Дајте музика и 5+ бенд“ - кажа градоначалникот Марко Колев .  

На Питијадата засега биле пријавени 15 фирми кои ќе имаат штандови. Се водело сметка тоа да бидат фирми кои се бават со пекарство и производство на вино или пиво.

„Цел ни е манифестација да биде препознатлива по квалитетот на питите, не по изборот на музиката. Штандови ќе добијат тие кои се докажани во производството на пити, кои се бренд. Ако продаваат лоши пити, замрзнати, тие ќе ги изгубат  купувачите. Не дозволивме да прифатиме штанд од неколку лица, кои решиле да печат пастрамлии за оваа пригода а немаат ниту пекари ниту простор. Така се расипува впечатокот за целата манифестација“- дополни Колев.   
 
Во тек биле преговори за придружни програми, за дневната програма, најави Зоран Љутков, а деталите ќе бидат достапни подоцна. Исто така се разговара и за единствена цена на пастрмалијата која ќе се продава на штандовите.

Неколку производители изјавиле желба годинава да продолжи традицијата да испечат џиновска пита, и покрај високата цена на брашното, јајцата, месото.  
 
Во однос на паркирањето, за гостите од други градови, тоа ќе биде како претходните години, со тоа што може да биде завршен паркингот кај поранешен АТД, кој би требало да биде најголем во градот и да биде предаден за употреба.

Во однос на режимот на сообраќај, ќе биде како и годините наназад, кога се организирала манифестацијата, на локацијата кај Панини.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »