речник контакт

Питиќова и Андовска, најредовни читатели на библиотеката во 2023 година (фото видео)

Од детскиот оддел за најредовен читател со најмногу прочитани книга беше Мелек Муратова, ученичка во петто одделение а најмлад читател е Калина Нацкова

Петар Печков

Градската библиотека „Гоце Делчев“, ги врачи признанијата за најредовните  читатели во изминатата година.   На овој начин беше вреднуван нивниот труд и им беше оддадена почит за бројните прочитани дела.   Четврта година по ред најредовен, највозрасен читател е Марија Питиќова.

„Книгата е мојот најдобар другар. Јас живеам сама и книгата  е секогаш со мене Кога ќе ги завршам сите домашни работи, се посветувам на неа. Покрај домашните обврски, се фаќам за книгата. Ме исполнува, не мислам на друго, туку се посветувам на неа, на содржината, што ќе се случи што ќе се раскаже. Земам по две книги неделно“ - кажа Питиќова. Таа чита драма, трилер, историски дела, политички, љубовни драми.    

Со најмногу прочитани книги лани се издвои Теадора Андовска, ученичка од средното училиште Коле Неделковски.

„Земам од три до шест книги неделно. Најмногу  читам слободна литература, драми, фантазија, го читам Шекспир, класика, но и лектирите. Од мала ја сакам книгата се пронаоѓам во нив, вадам инспирација. Почнувам и да творам, поезија. Мојата желба е да се запишам на книжевност“ - рече Андовска. 

Од детскиот оддел за најредовен читател со најмногу прочитани книга беше Мелек Муратова, ученичка во петто одделение а најмлад читател е Калина Нацкова.

Признанија добија и читателите од библиотеката во Градско, каде читател со најмногу прочитани книги од возрасните е Аце Велков, додека од детскиот оддел е Леон Гавазов.

Градската библиотека на семејството Здравковски им врачи благодарница, оти на почетокот од учебната година 2023/24 на сите ученици кои се запишаа во оваа институција, им ги подмирија трошоците за упис.

Настанот беше дел од содржините за одбележување на годишнината на од раѓањето на патронот на библиотеката,Гоце Делчев.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »