речник контакт

Пладневна бркотница во Нова населба, по тројца дилери на марихуана

По целосно документирање на случаите од полицијата посочуваат дека против уапсените ќе бидат поднесени соодветни пријави

Петар Печков

Средата на пладне полициска акција, за апсење на лица кои дилаат марихуана.  Уапсени се три лица, акцијата е спроведена во околина на салонот на Симпо и училиштето Васил Главинов.

„На 19 октомври  во периодот од 12.10 до 17.50 часот на улиците „Христо Тататрчев“ и „11 Октомври“, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Б.(36 год), Б.П.(36 год) и Т.Џ.(36 год) од Велес. Во домовите на Т.Б. и Б.П., биле извршени претреси со судска наредба. Притоа, во домот на Т.Б. биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана и дигитална вага, а во домот на Б.П. била пронајдена и одземена кеса со марихуана. Додека, при преглед кај Т.Џ. било пронајдено и одземено едно пакување со марихуана“ - соопштија од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите од полицијата посочуваат дека  против уапсените  ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »