речник контакт

Пладневниот воз од Велес за Скопје ги сруши рекордите, патуваше четири часа

На 35 степени во сенка да се чека на отворена пруга, во станица која нема ни вода е пекол и катастрофа

Петар Печков


Денешното пладневно патување со возот за Скопје, ги надмина сите граници на толеранција и оправдување. Вакви се реакциите на патниците кои денес ја користеа услугата на МЖ со пладневниот воз од Велес за Скопје, кој по ред на возење тргнува во 12,10ч.

„ Тргнавме навреме, возот беше со електрична локомотива. Едвај некако стаса до Рајко и таму бевме од 13 до 15ч. кога дојде друга локомотива и не превезе до Скопје. Таму стигнавме во 16ч. На 35 степени  во сенка да се чека на отворена пруга, во станица која нема ни вода е пекол и катастрофа“ - велат патниците.

Повеќето од нив биле вработени и студенти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »