речник контакт

Пладневниот патнички воз за Битола не замина

Патниците не добиле објаснување од МЖ зошто возот го немало на Железничка станица Скопје

Петар Печков

Патничкиот воз за Битола попладнево не замина од железничка станица Скопје. Патниците од Велес кои биле со намера да патуваат, ги пречекал празен перон.

На нивното прашање до вработените на МЖ на станица во Скопје, каде е возот и зошто го нема, не добиле одговор. Ова ќе значи дека ниту утре наутро нема да има патнички воз од  Битола за Скопје.

Патниците велат дека добро е што Автобуската во Скопје е веднаш до Железничката па за дома морале да се вратат со автобус.

Изминатиот период кога се откажуваа патничките возови имаше две причини или протест на вработените за неисплатена плата или лоши услови за работа или немање на патничка гарнитура бидејќи постојана се расипала.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »