речник контакт

Пладневно автомобил излетал од автопатот, смртно настрадала сопатничка

Сите патници биле Германци а автомобилот со германски регистарски таблички

Петар Печков

Околу пладне автомобил со германски регистарски таблички излетал од автопат, близу бензинската пумпа кај Неготино.  Едно лице сопатничка смртно настрадала, две деца минале со полесни повреди.

„Денеска 20 јули  во 11.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино- Демир Капија, М.А.(36 год) од Сојузна Република Германија, управувајќи патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката С.А.(62 год) од Сојузна Република Германија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.

 фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »