речник контакт

Планинарите му оддадоа почит на Рацин

На Лопушник 30-тина планинари, ама не од Велес, пешачејќи по лошото време се поклониле пред споменикот на Коста Солев

Петар Печков

Триесетина членови на Планинарскиот клуб Ендорфин од Кичево и Планинарскиот  клуб Трансверзалец од Скопје, вчера, недела  му оддадоа почит на поетот Кочо Рацин.

Тие пеш неколку часови се искачуваа до врвот каде се наоѓа споменикот на Кочо, како и на местото на погибјето, скриено во планинските пазуви.

Меѓу учесниците била планинари од Скопје, Кичево  и Битола.

Жителите од овој крај имаат посебна почит кон Коста Солев и без оглед на времето, секогаш доаѓаат да го посетат местото каде е застрелан и паметникот од кој пука прекрасен преглед кон Копачијата. 

На 13-ти јуни, денот кога е убиен Кочо, делегација од Општина Велес ќе го  посети Лопушник.

фото: Калина

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »