речник контакт

Планинарски марш во чест на Рацин (фото)

Учествуаа шеесетина планинари од Велес, Скопје, Куманово, Кичево, Прилеп

Петар Печков

Шеесетина планинари од Велес, Скопје, Куманово, Кичево, Прилеп со марш од кичевското село Извор до планината Лопушник, местото каде е застрелан Рацин му оддадоа почин на поетот и револуционер Коста Солев, кој е убиен на денешен ден 13 јуни 1943-та година.  Планинарскиот марш беше изведен  од селото Извор до врвот Стог на планината Лопушник.

„Учесниците на маршот од село Извор тргнаа во 7 часот изутрината за по 4 часа пешачење да пристигнат на предвидената цел.  Од страна на Игор Смилев беше прочитана и творба на велешкиот новинар и почитувач на Рацин, Александар Кукулев“ – кажа Даниела Јовановиќ од еколошкото друштво „Грин Пауер“ од Велес, организатор на маршот. Тој е дел од содржините на 59-тите Рациновите средби.

 Од Велес вчера утро, недела од пред споменикот на Рацин во центарот на Велес, тргнаа 30-тина лица, учесници на планинарскиот марш.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »