речник контакт

Планинарски марш до Лопушник во чест на Рацин

Бројни планинари и почитувачи на делото на Рацин се искачија до врвот на Лопушник да ја одбележат 77-та година од смртта на поетот и револуционер

Петар Печков

Дванаесетина велешани беа дел од  планинарски марш посветен на поетот Коста Солев. Повод беше  одбележувањето на 77-годишнината од  неговото загинување. 

Поради состојбата со ковид-19, тој годинава беше редуциран и по обем, и по учество. Така се одржа само  во еден ден, вчера, сабота. Учествуваа 12 лица од Велес од еколошката групација „Зелена сила” од Велес  на кои им се приклучија и учесници од СПД „Зелен рај” од Велес. Тие дојдоа на  планината Лопушник, каде положија свежо цвеќе.

Иако во состојба на закана од ковид-19, на местото на погибејто на Рацин дојдоа бројни негови почитувачи, кои не пропуштија можност да му се поклонат на вон временскиот поет. Имаше околу педесетина  планинари од Битола, Скопје, Прилеп, Скопје, Куманово, Кичево и Росоман. На местото каде загинал, учесник од Кичево читаше текст за смртта на поетот и револуционер, додека на врвот се читаше поезија од Рацин  - рече Игор Смилев,  од ЕГ Зелена сила, учеснјик на маршот, годинава втор по ред. 
 
Маршот финансиски беше поддржан од Општина Велес.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »