речник контакт

Планинарски марш под мотото „Качи се на врв, земи здив за живот“

СПД Зелен рај ја подига свеста за заболените од ретка пулмонална (белодробна) хипертензија

Петар Печков

Изминатиот викенд  членовите на Спортското Планинарско Друштво  „Зелен рај“ од Велес, го реализираше традиционалниот планинарски марш под мотото „Качи се на врв, земи здив за живот“. Со искачување на врвот Љута на планината Кадиица, на н.в. од 1670 м. беше испратена порака , за поддршка на болните од „Пулмонална хипертензија“ и другите ретки болести.

И покрај лошите временски услови учесниците  се искачија на врвот со една и единствена цел,  да се сврти вниманието на  заедницата, на јавноста, дека постојат луѓе кои боледуваат од ретката болест „Пулмонална (белодробна) хипертензија“ 

Го искачивме врвот и ја пративме пораката до сите, го земавме здивот и им го даваме на тие што го немаат. Да бидат живи и здрави и имаат право и заслужуваат да живеат повеќе. И симболично, на самата падина под врвот засадивме дрвце, горски јавор-симбол на здравјето и долговечноста, кое ќе дава повеќе кислород за овие лица - рече Зоран Игновски претседател на  СПД „Зелен рај“.  

Во Македонија има девет пациенти кои боледуваат од пулмонална хипертензија , тие немаат соодветен медицински третман. Овие лица секојдневно се соочуваат со недостиг од лекови кои ги нема на позитивната листа, па мораат да ги набавуваат  од странство.

Во Македонија се направија само некои мали чекори, се стави во регистар болеста , ама  имаме само еден единствен лек кој што не можат да го користат сите пациенти.. Потребна ни е комбинирана терапија. Некои од нас дури се и во критична здравствена состојба. Ние се бориме за здив но не можеме да го најдеме решението затоа што немаме помош. Потребно е во државата да има центар за рана дијагностика, бидејќи болеста не избира возраст, може да се појави кај секого. Кога таа ќе биде навреме дијагностицирана, тогаш и трошоците на државата ќе биде помали и заболените ќе имаат понормален живот.   - вели  Ѓурѓица Ќаева од Здружението на граѓани „Момент Плус“.

Таа е една од осумтте  заболени лица, лани имало десетмина а  двајца починале, еден лани еден годинава.  За нив многу би значело  да имаат  центар за рехабилитација, на  планинско место, каде има чист воздух, кој  нив им е   неопходен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »