речник контакт

Планински велосипедисти ќе возат оф роуд во регионот на Азот

На 6 и 7 јуни во Богомила ќе се одржи рекреативна off road атракција за љубителите на планинскиот велосипедизам во организација на ВЕЛЕС БАЈКИНГ

Петар Печков

Покрај планинарењето од оваа година регионот  АЗОТ ке  биде  центар  на  голем спортски настан од рекреативен карактер. Група љубители на планинскиот  велосипедизам организирани во здружение  ВЕЛЕС БАЈКИНГ –ВЕЛЕС го организира овој настан кој централно место ќе  го има  во Богомила. Целокупниот настан е предвиден да биде  два дена , од кој првиот  ке  биде  од  забавен карактер со мини концерт  на два рок бенда и ДЈ, со можност  за  поставување на  шатори за кампување.

Вториот ден е  предвиден за  возење на трите патеки и тоа големиот  маратон со должина од 52 км и висинско искачување  од 1790м што преставува  вистински предизвик  и за најспремните  велосипедисти. Се вози  на релација Богомила-Црешнево-Капиново-Нежилово-пл.дом Чеплес -Папрадиште  Прилепски пат-Богомила. Почетната  надморска висина во Богомила е  520 мнв, додека највисоката  точка е пл.дом Чеплес со 1450 мнв.

Средната патека е со должина од  32 км и е  дел од големиот маратон со неколку скратувања и за оние  кои сакаат да  земат  учество со предивена лежерна тура од 16 км.  Релацијата е Богомила-Нежилово-Богомила. Инаку целата патека е  маркирана по  сите  стандарди со 4 големи табли со мапи на патеките, поставени се  50-на столбови со патокази и пластифицирани лимени плочки со детални објаснувања за потребите  на  велосипедистите.

Целта на оваа манифестација, според организаторите е  промоција на Алтернативниот  туризам, посебно планискиот велосипедизам, промоција на регионот АЗОТ кој е  еден од  најубавите  делови на Македонија, но за жал е  недоволно промовирана и секако повик кон младината што помасовно да излегуваат на природа и уживаат во неа.

Според ЗГ Велес Бајкинг во тек е  регистрацијата на учесниците кои ги има  секојдневно се повеќе и повеќе, па  се надеваат на околу 300 учесници.Сите  кои сакаат да  бидат дел од овој голем настан за регионот може да се регистрираат на  линкот http://azot.velesbiking.mk/  каде  може да ги добијат  сите потребни податоци.

Според текот  на настаните, првиот ден се очекува учесниците да пристигнуваат во попладневните часеви, додека на 07 јуни – недела предвидено е големиот  маратон да стартува  во 09:30 часот, малиот  во 10:00 а  лежерната патека ке  стартува во 10:30 часот

Членовите на Велес БАЈКИНГ ги повикуваат сите  љубители на  овој вид спорт да ја  посетат  Богомила во овој период и да уживаат  во природните убавини на АЗОТ..

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »