речник контакт

Пластични кеси, проблем на планетата земја

Граѓаните на ЕУ годишно во просек трошат 200 пластични кеси. Некои градови, како Шангај или Мексико Сити тонат во депонии благодарение на пластиката. Притоа, пластичните кеси се ноќен кошмар за животната средина

Петар Печков

Да е живо суштество, нејзината приказна би била трагична. Живее само 25 минути во просек, а потоа завршува во отпад. Тоа е судбината на пластичната кеса. Билион парчиња секоја година се користат во светот за потоа некаде да исчезнат. Секоја десетта кеса се рециклира. На пример во 2010 година, за која постојат податоци, само во ЕУ се направени 750.000 тони пластични кеси. Додека на пример автобуска карта фрлена во некој отпад, се распаѓа за само неколку недели, а лименките за сто години, на пластиката и требаат неколку стотици години да се распадне.
 
Од Европа до Азија

Пластичните кеси се симбол на нашето општество кое сака да фрла работи, рече во почетокот на месецот европскиот комесар за заштита на животната средина Јанез Поточник. – Кесите ги користиме кусо време, но потоа ја загадуваме природата стотици години, наведе тој, додавајќи дека пластичните кеси треба целосно да се забранат.
 
Меѓутоа не е во прашање само Унијата. Пластичните пакувања и кесите се симбол на стопанскиот раст. Таму каде многу се купува, многу и се фрла. – Феноменот е типичен за азиските земји во развој – вели Бенџамин Бонгарт од германскиот Сојуз за заштита на природата. Индонезија или Филипини брзо се развиваат, но недоволно брзо расте културата за фрлање на отпадот. – Уништувањето на пластиката, на пример со спалување, за многу држави е прескапо – вели Елен Гунсилиус од Здружението за меѓународна соработка.
 
Градови во смет

Состојбата посебно е лоша во градовите. Неодамна научниците од американскиот Универзитет Онтарио утврдија дека жител на градот остава двојно повеќе отпад од жител на село. Депониите како Лаоганг во Шангај или Бордо Пониента во Мексико Сити, конкурираат за најголеми депонии во светот. На овие депонии се остава 10.000 тони смет дневно!
 
На сличен пат беше и Кигали, главен град на Руанда. Пластични кеси летаа по улиците, ги затнуваа водоводните цевки и канализацијата. Потоа се воведе строга контрола за фрлање на пластичниот смет и Кигали стана еден од најчистите градови на Африка, па Обединетите нации го наградија поради тоа. – Во Руанда тактикатата успеа бидејќи контролите беа навистина строги. Данок на кеси, како во Данска или Финска, делува уште подобро решение, смета Елен Гунсилиус.
 
Со данок против кесите

Ирска важи за европски Дракон, кога се во прашање пластичните кеси – Владата во Даблин воведе данок од 22 центи по кеса. – Тој данок не е воведен за да заработи државата, туку да се променат навиките на граѓаните. Од воспоставувањето на тој данок, во таа земја се произведуваат многу малку пластични кеси, вели Бонгард. Потрошувачката на пластичните кеси по глава на жител во Ирска драстично се намали, од 328 на само 20 годишно. За споредба, просекот во ЕУ и понатаму е 198 пластични кеси по жител.

Мексико Сити појде по друг пат. Сопствениците на продавниците можат да се соочат со казни ако бесплатно делат кеси на муштериите, што во Мексико е вообичаено.
- Постои таков закон, но тој практично не се спроведува бидејќи нема ефикасни контроли, вели Томас Фишер од организацијата „Помош на животната средина“. И Елен Гунсилиус смета дека самите казни не се ефективни. – Во повеќе земји недостасува свест за штетноста на пластиката. Забраните и даноците би делувале поефикасно, ако граѓаните и индустријата ги прифатат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »