речник контакт

Платениот паркинг е избрзано донесен, со идентичен став и власта и опозицијата

Градоначалникот Колев со став, донесената одлука за платен паркинг да се стави во мирување

Петар Печков

И власта и опозицијата во Советот во Велес со исто мислење, платниот паркинг во градот е донесен избрзано и без анализи. Ова беше кажано на 5-тата седница на Советот на Општина Велес.

Одлуката за платен паркинг беше донесена во ноември 2020-та година а започна да се применува од август месец годинава.

„Платениот паркинг во Велес беше неоправдано и брзо воведен,  несоодветно и без анализа. Се направи повеќе неред отколку да се воведе ред. За да не плаќаат паркинг, возачите ги узурпираа околните улици околу центар, што го отежнува нормалното  одвивање на сообраќајот. Брза помош и пожарната знаат како им е да стигната до местото да дадат потребна помош“ - рече Марјанчо Николов.

Тој беше конкретен и праша дали ќе биде укинат или ќе има одредени промени. Градоначалникот Марко Колев со идентичен став.

 „На Велес му треба платен паркинг, но не ваков под вакви околности. Три паркинзи, пред судот, кај Саатот и кај Ликовниот салон носат пари, тој кај Гимназија кај Автобуска  се празни.  Лицата кои се ангажирани како времено вработени, договорот им истекува на 15 јануари. Тие се на отворено,немаат основни услови за работа, ги врне, ветер ги дува, нема каде да се засолнат. Немаме ниту канџи ниту пајак служба за санкционирање, ако некој се паркира а не плати.  Ако започнеме со изградба на катна гаража, помогнати со средства од Светска бакна, од Владата или друг инвеститор, прашање е дали ни е потребно ЈП за паркинзи. Се сложувам дека одлуката за платен паркинг е пребрзо донесена, без анализи, по примерот  од Кавадарци, па е менувана. Мојот став е дека платниот паркинг треба да се стави во мирување, да се започне изградба на катна гаража“ - рече Колев.   

Советникот Николов  ја актуализираше и изградбата на тротоар по улица академик Пенчо Давчев, низ населба Речани.

„Дванаесет години се ветува ова, тројца градоначалници го ветуваа, но не се случи, оти патот бил регионален. А луѓето нема каде да се движат. Ако се случи некоја несреќа ќе биде доцна а некои возачи возат и по 100 км./ч. Навечер не се гледа а сега рано се стемнува“ - дополни Николов.

За тротоарот на населба академик Пенчо Давчев, градоначалникот Колев рече дека мора да се реши и тоа ќе го стори на било кој начин во неговиот мандат од четири години.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »