речник контакт

Платениот паркинг во Велес ставен во мирување

По излегувањето на одлуката во Службениот гласник на Општиан Велес, не треба да се плаќа паркирањето во градот

Петар Печков

Советот на Општина Велес го стави во мирување платениот паркинг во градот.  Со мнозинство гласови платениот паркинг беше ставен во мирување. Оваа одлука беше донесена попладнево, вторник.

Образложението кое го доставија од ЈП парк спорт и паркинзи, е дека во два квартали биле утврдени финансиски загуби во работењето, поголеми од приходите а како трошок биле платите на вработените и мобилните телефони. Целта на оваа одлука било да се елиминираат загубите.

Оваа одлука треба да излезе во Службениот гласник по што треба да бидат демонтирани информативните табли поставени на паркинзите.

Во првите два месеци од неговото функционирање август и септември беа собрани 481 илјада денари а во последните  два јануари и февруари 130 илјади денари.    Единствено приход носеше паркингот пред Основен суд Велес.  Советниците од СДСМ со амандман побараа платениот паркинг да се укине,  тој предлог не мина.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »