речник контакт

Плацеви крај езеро Младост на електронска аукција од едно евро, достигнаа цена за 71 евро за квадрат

Од средствата кои треба да се платат за овие градежни парцели, 80 отсто е приход на општината а 20 отсто на државата

Петар Печков

Цената на метар квадратен за градежни парцели крај езеро Младост, за изградба на станбени објекти,  на јавната аукција се искачила од едно на 71 евро а метар квадратен. Продажбата се случи на 17 август кога локалната власт  продаде две парцели, кои претходно еднаш биле купени, но тогашните сопственици не подигнале објекти во рокот кој бил даден. Затоа истите повторно беа ставени на продажба.

„Се продаваа три парцели и за нив имаше голем интерес. За првата имаше 28 пријави, но сигурно  помните дека на 17 август во утринските часови немаше интернет, телефонија, истата не се одржа, па сега бараме нов термин за јавно наддавање. Двете преостанати парцели се продадоа за 3.700 денари  за м2 и за него имаше 26 пријавени кандидати  и за 4.460 денари  за м2 за кого имаше 32 кандидати  “ - кажа градоначалникот Марко Колев, одговарајќи на советничко прашање од Ружица Николовска.

Првата парцела е со 595 м2 а втората со 640 м2 површина. И двете имаат површина од 221 м2 за градење. Почетната цена за квадратен метар беше 61 денар.  Објектите кои треба да се градат може да бидат со катност  П+1. 

Од средствата кои треба да се платат за овие градежни парцели, 80 отсто е приход на општината а 20 отсто на државата.  

Истиот ден 17 август, имало и јавно наддавање за изведувач на градежни работи на кров на Основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес. Учествувале осум фирми, наддавањето траело 27 часа, бидејќи  минималниот чекор бил  0,5 ден, а максималниот 10 денари, па намалувањето на цената  на електронската аукција, траело повеќе од едно деноноќие.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »