речник контакт

Плејбој и на македонски, Каролина Гочева на насловна

На 1 октомври е дистрибуиран првиот број на „Плејбој Македонија“, со што земјава станa 26-та држава во светот што списанието го има на свој јазик.

Петар Печков


На насловната страница на првото македонско издание на „Плејбој“ е поп-пејачката Каролина Гочева. Македонскиот „Плејбој“  излегува како месечник, лајф-магазин со многу интересни содржини ставени на над 120 страници во боја, во тираж од неколку илјади примероци, а  чини 250 денари.

Во првиот број читателите  имаат можност да прочитаат интервју со фудбалската ѕвезда Горан Пандев.

Македонското издание го издава компанијата „Оис магазини“, која има купено лиценцата од издавачката куќа „Плејбој Америка“, а главен и одговорен уредник е Билјана Зафирова. Во следните броеви на магазинот ќе се најдат и други девојки од нашата земја.

Легендарната Мерлин Монро во првото издание на „Плејбој“ се појави на насловната страница и го направи првиот запис на познати ѕвезди што се фотографирале за списанието.

„Плејбој“ е американско списание што излегува во Чикаго, Илиноис. Во декември 1953 година Хју Хефнер, заедно со своите соработници, почнувајќи со минимална инвестиција добиена како заем, го реализира својот животен проект и се запишаа во светската издавачка историја.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »