речник контакт

Пливачката Богдановски со стипендија од МОК

Таа треба да биде втора велешанка која учествувала на Олимпијада, по Ефремов во Лондон, во атлетика

Петар Печков

Македонскиот олимписки комитет (МОК) обезбеди финансиски средства за стипендии на единаесет македонски спортисти, потенцијални кандидати за настап на Летните олимписки игри во Рио 2016. Меѓу нив и американката со велешко потекло , пливачката Богдановски.

Петмина од нив ќе имаат стипендија од 800 американски долари и тоа: пливачите Анастасија Богдановски  и  Марко Блажевски и  борачите Јасин Реџелари, Дејан Митров и Бобан Данов.  Кајакари нема...

Во просториите на МОК  свечено беа потпишани договорите со олимписките стипендисти кои во наредните две години со оваа финансиска помош треба да обезбедат норми за настап на ОИ во Рио 2016.

 Богдановски обезбеди учество со испливана норма,  на Светското првенство во пливање, догодина во Казан, Русија. Лани учествуваше  и на  Медитеранските игри во Мерсин Турција. Претходно и на Светско првенство во кратки базни во Истанбул и Светското првенство во Барселона.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »