речник контакт

По ,,Илузија,, нов филм на Ристовски

Македонскиот режисер, велешанецот Светозар Ристовски се подготвува за снимање на неговиот нов игран филм ,,Мојот брат Лазар,, .

Петар Печков

 Тој со неговиот првенец ,,Илузија,,  од 2004-тата ја прикажа социјалната драма на велешко семејство во периодот на транзицијата а во филмот играа: Мустафа Надаревиќ, Владо Јовановски, Никола Ѓуричко, Дејан Аќимовиќ и Марко Ковачевиќ во главните улоги. Филмот беше сниман во Велес.


Од конкурсот за 2010 година му беше одобрен филмот „Мојот брат Лазар“, по негово и сценарио на Канаѓанката Грејс Леа Троје, со која заедно го направија и сценариото за „Илузија“. Филмот веќе има обезбедено копродуценти од Хрватска и од Австрија.

Станува збор за современа приказна за пријателство и предавство помеѓу двајца адолесценти што шверцуваат роба од Турција и ја препродаваат на пазар во Македонија. Кога едниот од нив ќе завлезе подлабоко во водите на корупцијата и криминалот и влоговите ќе станат многу поголеми, Лазар и Тегла ќе мора да донесат сериозни животни одлуки, кои ќе ја дефинираат нивната врска, карактери и иднина. Филмот е личен и авторски. Планирам снимањето да биде целосно на територија на Македонија, со интернационална екипа и актерски ансамбл, но сепак доминантно македонски - вели Ристовски.

Според него, како и „Илузија“, „Мојот брат Лазар“ ќе биде пред се', културен и уметнички продукт од Македонија, по пример на европската кинематографија, но истовремено и релативно комерцијален за меѓународната публика. Во исто време Ристовски работи и на нов американски филм, „Потрагата“ (The Trail)

. Приказната е лоцирана во мало планинско гратче на границата меѓу Канада и САД, каде што локалната економија ја движат шверцот и трговијата со марихуана. Ова е независен проект во кој се вклучени канадските актери Крег Олејник и Џастин Четвин. Сценариото е на Ристовски, а филмот ќе биде американско-канадска продукција.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »