речник контакт

По 13 пат се одржа Велешката поетска вечер (фото)

Годинава за прв пат се претставија и афористичари со дел од нивното творештво

Петар Печков

Во Ликовниот салон се одржа Велешка поетска вечер со писатели поети  но и со гости од  други  градови и клубови.  Организатор на манифестација која се одржа по 13 пат беше Клубот на писатели Коста Солев Рацин од Велес.

„ Поетите читаат поезија по сопствени избор, од нивното творештво од издадени или дела кои ги подготвуваат. Тие така се претстават пред јавноста и гостите на настанот. За прв пат годинава имаме гости афористичари, кои на ова место го промовираат нивното творештво “ - кажа Лила Арсова, претседател на Клубот.

Годинава освен домаќините, имаше поети гости од Куманово, Струмица, Прилеп, Штип, Кочани и Демир Хисар.

Гости афористичари освен од Велес имаше и од Скопје, Струмица и Кочани.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »